Аутомакедонија АД Скопје во првите шест месеци од годинава има консолидирани оперативни приходи од 298 милиони денари, што претставува раст од 5% во однос на истиот период од претходната година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Приходите од продажба изнесуваат 296 милиони денари и се зголемени за 17%, како резултат на повисокиот обем на деловни активности на ниво на Групацијата.
Во поединечниот извештај оперативните приходи изнесуваат 218 милиони денари и бележат намалување од 10%, што во најголем дел произлегува од пренесувањето на сервисните активности во посебното зависно друштво, велат од таму.
Консолидираните оперативни расходи изнесуваат 270 милиони денари, и бележат раст од 4%.
-Консолидираната оперативна добивка изнесува 28 милиони денари и е зголемена за 26%, што укажува на подобрена оперативна ефикасност и профитабилност на ниво на Групацијата.
Групацијата оствари консолидирана нето добивка по оданочување од 20,6 милиони денари, што претставува раст од 35% во однос на истиот период од 2025 година.
Нето добивката што им припаѓа на акционерите на матичното друштво изнесува 19,4 милиони денари и е зголемена за 36%.
Во поединечниот извештај нето добивката изнесува 12,6 милиони денари, наспроти 22,8 милиони денари во споредбениот период. Намалувањето е поврзано со изменетата организациска структура и издвојувањето на сервисните активности, додека нивниот резултат е целосно опфатен во консолидацијата, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аутомакедонија лани со зголемена добивка
Аутомакедонија ќе продава имот во Белград
Аутомакедонија ќе продава 4.980 сопствени акции














