Технокомерц ја намали загубата

Технокомерц АД Скопје во првите шест месеци од годинава има оперативни приходи од 289.772 илјади денари и истите се зголемени за 51% во однос на истиот период од претходната година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Приходите од продажба достигнаа 288.006 илјади денари, при што растот е резултат на поголемиот обем на продажба и стекнување нови купувачи.

Оперативните расходи изнесуваат 294.978 илјади денари и бележат пораст од 43%, што е последица на значително повисокиот обем на работење.

Најголемо влијание има порастот на набавната вредност на трговските стоки, додека останатите трошоци се движат во рамки на потребите на редовното работење.

Како резултат на зголемените приходи, оперативната загуба е намалена од 13.703 илјади денари на 5.206 илјади денари.

Финансиските расходи исто така се намалени во однос на истиот период од претходната година, што дополнително придонесе за подобрување на финансискиот резултат.

Нето загубата за првото полугодие изнесува 7.105 илјади денари, што претставува значително подобрување во споредба со нето загубата од 17.568 илјади денари остварена во истиот период од 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Технокомерц ќе дели дивиденда од 50 денари за акција

Зделка на Технокомерц со Лидл му донесе зголемена добивка во првите девет месеци од годинава

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести