Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби пратеник плус

Откако Демократската партија на Турците во Македонија стана дел од коалицијата “Твоја Македонија“ предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, истата доби пратеник плус во македонското Собрание.

Имено коалицијата сега брои 59 пратеници. Нов пратеник на коалицијата е Бејџан Иљас од Демократската партија на Турците.

Претходно Демократската партија на Турците беше дел од коалицијата “Европски фронт“ предводена од ДУИ.

Вчера пак претседателот на Демократската партија на Турците, Зулфиќар Зејнула, во Собранието беше избран за министер без ресор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Зулфиќар Зејнула, новиот министер без ресор

Каков имот пријавил Зулфиќар Зејнула, новиот министер без ресор

Демократската партија на Турците стана дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести