Зулфиќар Зејнула е новиот министер без ресор.
Тој беше изгласан вчера во македонското Собрание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор
Зејнула е претседател на Демократската партија на Турците во Македонија, а стана министер откако неодамна неговата партија се приклучи на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Зулфиќар Зејнула, новиот министер без ресор
Кој е Зејнула
Тој е дипломиран криминалист. Дипломирал на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Зборува и англиски, албански, германски и српски јазик.
Работно искуство
Во периодот од 2021 до 2024 година бил заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Претходно бил советник во Советот на Општина Гостивар.
Работел и во правниот сектор на Демократската партија на Турците.
Има професионално искуство и во приватниот сектор.
Бил член на повеќе комисии поврзани со локалната самоуправа, урбанизмот, правните прашања и управувањето со кризни ситуации. Учествувал и во работата на телата задолжени за процена на ризици и координација на системот за управување со кризи.
Има државно признание од Република Турција за исклучителна пожртвуваност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демократската партија на Турците стана дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: Фејсбук/Зејнула














