(Фото) Непозната материја од реката Лепенец се влева во Вардар

Бела материја од реката Лепенец од попладнево се влева во реката Вардар во Скопје.

Засега нема официјална информација за што се работи и каква материја е во прашање, а на терен се излезени инспекциските служби на Град Скопје и на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од страна на инспекциските служби на Град Скопје, бил пуштен и дрон за детектирање на причинителот, информираа од таму.

Службите од ЈП “Водовод и канализација” земале примероци од реката.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести