еМагазин
Image default
Бизнис

Бојан Христовски назначен за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“

Бојан Христовски е именуван за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“.

Тој е магистер на науки на Факултетот за безбедност, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, а во својата струка има поминато повеќе меѓународни обуки, соопштија од Град Скопје.

Од Град Скопје додадоа дека Христовски од 2006 година има работно искуство во Министерството за внатрешни работи, каде бил на повеќе на раководни позиции.

– Досегашниот директор на ЈП „Градски паркинг“, Филип Пасху има нова работна позиција во Градот Скопје, поради која повеќе нема да ја извршува функцијата директор на ова јавно претпријатие, наведоа од Град Скопје.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Шест месеци одложување на наплатата на кредитните обврски од Халкбанк

Редакција

Кoмбинација од најдобрите практики од Македонија и Холандија за подобро млекопроизводство

Редакција

Хотели Метропол со добивка во првите девет месеци

Редакција