еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Што да посетите кога сте на Златибор: Водопадот Гостиље и музејот на отворено Старо село

Вистина е она што го тврди претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров дека Македонците, Банско и Боровец ги заменија со Копаоник и Златибор, поради политичката ситуација и блокадата од страна на нашиот сосед. Барем кога се однесува за авторот на овој текст.

Кога патувате некаде, сакате да се чувствувате добродојдени, без некој да навлага во вашиот интимен простор, со тотално непотребни прашања „Што си ти?“. Ич да не им е гајле, знаеме и кои сме, и што сме.

Нејсе, за убаво е овој текст. Кога сте на Златибор, што може да посетите.

На пример водопадот Гостиље се наоѓа 25 километри од центарот на Златибор во истоименото село. Самото патување до таму е доживување, бидејќи патот, кој иако е асфалтиран е предизвик за возење. Кривулест, со спуштања, искачувања но истовреме пружа и преубави глетки и пејзажи на околните села, планини, реки. Имате чувство дека владеете со златиборската околина.

Водопадот е висок 22 метри и се вбројува во еден од највисоките природни водопади во Србија.

По течението на реката се формирани поголем број на помали водопади, а патеката води до сливот во реката Катушница.

Стоејќи во близина на водопадот може да се почувствува ефектот на студен туш, што во текот на летото е вистинско освежување, а во зимата дел од замрзнатото водено царство.

Патеката води до сливот на реката и е уредена со клупи. Во близина на водопадот има фудбалски терен, како и базен за капење кој се полни со изворска вода, лулашки за деца, клупи за одморање.

Ако сте љубители на традиционална храна во близина се наоѓа ресторан кој е во етно стил, и посебно е убав на пролет и лето кога може да се седи на тераси.

Затворениот простор во зима во кој било ресторан во Србија и не е баш најпријатно место за седење, за непушачи. Од две причини. Дозволено е пушење и второ, нема ограничување во исполнетост на капацитетот, а нормално сите се без маски.

Кога веќе сте се упатиле кон водопадот Гостиље, посетете го и Музеј Старо село Сирогојно.

Станува збор за Музеј на отворено кој го сочинуваат стари куќи кои го презентираат начинот на живот во минатото. Тие се сведок за тоа како луѓето живееле во Златибор и околината кон крајот на 19 и почеток на 20 век.

Во Србија нашле начин како тоа го презентираат и притоа да наплатат за тоа, а во Македонија, таквите куќи зјаат празни и местата пропаѓаат. Доволно е да се разработи Мариовскиот регион и би бил една од најпосетуваните балкански атракции.

Музјот Старо село Сирогојно сигурно им е многу интересен на странците кои доаѓаа од далечните земји, но за просторите од Балканот, е добро познат начин на живот. Но, во секој случај е интересно да се види.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Руши рекорди во посетеност, но има и зошто: Пештерата Стопич на Златибор и нејзиниот „автохтон вид“ на водич

Поради блокадата Македонците ги заменија Банско и Боровец со Копаоник и Златибор, вели претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Лазаров

(ГАЛЕРИЈА) Копаоник годинава е хит дестинација за скијање за Македонците

Фото: емагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Хамас објавија ново видео со три жени заложнички од Израел

Редакција

Голем раст на заболените со сезонски грип, досега починале три лица

Редакција

Убава вест: Оздравени 5 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Редакција