еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(ГАЛЕРИЈА) Копаоник годинава е хит дестинација за скијање за Македонците

Најпознатиот ски-центар во Србија, па и во регионот, Копаоник годинава е хит дестинација за скијање за Македонците.

Откако Србија на 14 јануари ги укина ПЦР-тестовите за влез за граѓаните од нашата држава, бројни туристи се упатија кон скијачкиот центар, кој инфраструктурно е еден од најразвиените во регионот.

Вложувања во инфраструктура

Ниту еден бугарски ски центар, кои се вообичаени дестинации за Македонците, не може да се спореди со ски-стазите на Копаоник кои се во должина од 62 километри. Всушност, цела планина е ски-патеки наменети за секаков тип на скијачи. Со систем за вештачки снег покриено е 97 отсто од скијалиштето.

Сите стази многу добро се поврзани со жичарници и ски лифтови, а капацитетот е 32.000 скијачи на час.

Секоја година ЈП „Скијалишта Србија“ вложува во инфраструктурата, а овој месец беше пуштена во употреба гондола која вози од Брзече (17 километри од Копаоник) до Мали Караман место кое излегува на самата планина.

Со помош на оваа гондола од туристичкиот центар Брзече до врвот на Копаоник се стигнува за 15 минути. Жичарницата со 74 гондоли е долга 3.600 метри и може да превезе 1.600 скијачи на час.

На Копаоник се одржуваат и голем број на натпревари од домашен и меѓународен карактер.

Цени

Цените на Копаоник се поскапи од бугарските скијалишта за околу 20 до 30 отсто. Најскапа е понудата на хотелите, а поевтни се апартманите. Можеби најисплатливо е изнајмување на викендици за повеќе семејства.

Во самиот ски-центар има и маркети чии што цени се исти како во Скопје.

Цената на ски-картата зависи од периодот, но многу поисплатлива е доколку се купи на најмалку шест дена и е речиси иста со бугарските скијалишта.

За љубителите на планината и на скијањето, вреди да се посети Копаоник, бидејќи навистина има што да понуди како во зима, така и на лето.

Фото: емагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секоја втора фирма која учествува во тендерите вели дека има корупција, покажува анкета на Центарот за граѓански комуникации

Редакција

За новогодишната ноќ времето ќе биде ведро со услови за појава на магла

Редакција

(Фото) Пратеникот Кастриот Реџепи се приклучи на „огнената група“ во ДУИ

Редакција