еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За новогодишната ноќ времето ќе биде ведро со услови за појава на магла

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, претежно ќе биде облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во наредните денови следи период на стабилно и суво време, со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

За време на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, а поради послабо изразено воздушно струење по одделни котлини ќе има појава на магла.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката на ССК, Арсовска: По чија мерка ќе се кројат постапките за јавни набавки?

Редакција

Тело на 26-годишен македонски државјанин пронајдено во Софија

Редакција

(Фото+Видео) Слушнете ја победничката песна на „Нокаут“ на „Макфест“: „Сакам да живеам“

Редакција