„Нокаут“ се победници на 35.јубилејно издание на „Макфест“, познатиот фестивал во Штип, кој заради ковид-мерките за првпат годинава се одржа на отворено на Плоштадот.
Музиката за победничката мелодија е на Никола Перевски Пере и Филип Неделковски, текстот е на Огнен Неделковски, а арнжманот на Никола Перевски.
Првата фестивалска вечер беше посветена на евергрините и на познати песни кои произлегле од овој фестивал, а настапија бројни музичари и пејачи кои биле дел од „Макфест“.
И покрај специфичните околности под кои се одржа, организаторите одговорија успешно на овој предизвик. Да се одржи музичката традиција и да се сочува безбедноста по здравјето на учесниците.
Фото: Општина Штип
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.