еМагазин
Image default
Македонија

Бочварски им се извини на новинарите

За каков било ненамерен пропуст што се случил при денешната посета и средба меѓу нас и бугарските колеги би сакал да се извинам, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски пред почетокот на прес-конференцијата во Клубот на пратениците каде се одвиваше средбата со неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и со туроператорите од двете држави.

Бочварски истакна дека ќе има уште многу настани како денешниот кои ќе бидат прилика владите и институциите да ги поправат сторените пропусти.

-Ова е прв лет Скопје – Софија, а ние рековме дека ги отвораме вратите и ве уверуваме дека ќе има уште многу можности и летови, сите вакви пропусти ќе ги поправиме и како влади и како институции, напомена министерот откако претходно новинарот Фуркан Салиу вербално реагираше зашто утрово, при слетувањето на авионот од Софија, иако уредно поканети и акредитирани за следење на настанот, присутните новинари, фоторепортери и сниматели биле неприфатливо третирани и попречени да известуваат од страна на службите за обезбедување.

Салиу му порача на министерот, да не праќаат покани, ако не дозволуваат соодветно покривање на настаните.

-Овој микрофон се плаќа од јавни пари и имам право да ви кажам тоа што го мислам во име на новинарите и снимателите и во име на ЗНМ и Синдикатот на новинари кои веќе реагираа.

Бараме да ни овомзожите исти услови за работа како на вашите фоторепортери и сниматели. Ако сакате само тие да ве снимаат, а ние не, не праќајте покани ама да знаеме дека во оваа држава не постојат медиуми.

Си имате Вие Ваш ПР центар и продолжете, рече новинарот Фуркан Салиу по што ја спушти камерата на неговиот медиум пред министерот, а тоа го сторија и уште еден снимател и фоторепортер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

​ЗНМ и ССНМ: Владините прес-служби не смеат да имаат предност пред медиумските екипи

МИА/Фото: МИА/Фејсбук/Бочварски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно ревакцинирани 775.825, трета доза примиле 30.852 граѓани

Редакција

Судот одреди осум дневен притвор за Јакимовски, кој им се закануваше на новинарките Јордановска и Коровешовска

Редакција

Заев до Османи: Заедно ќе ги утврдиме следните чекори поврзани со Законот за употреба на јазиците

Редакција