еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Бомбакис распука со Позитива: Песната премиерно на YouTube од 18:00 часот денеска

Среда и среќно, македонскиот дечко со картони не престанува со позитивните изненадувања за јавноста. Кристијан Станковски, познат како Бомбакис вечерва во 18:00 часот премиерно на YouTube ќе ја претстави својата прва песна, насловена како „Позитива“.

„Позитива“ е дел од многуте проекти на кои што тој работи со полна пареа. Песната е настаната по доживувањето на многу пресврти во животот на Бомбакис, по што тој решава да ги стави пораките и животното искуство во едно дело кое што ќе му даде надеж и позитива на секој кој што ќе го слушне.

„Песната настана многу спонтано, имав желба да се искажам и сакав да им подарам позитивна енергија на сите кои што ќе ја слушнат. Многу сум среќен што мојата креативност продолжува и на други нивоа и области. Никогаш не сум имал цел да бидам славен, едноставно животните прилики и општеството кое што нѐ опкружува, ми дадоа можност да се искажам преку различните канали на комуникација и да допрам до јавноста. Благодарен сум на сите околу мене за поддршката, среќен сум што ми ја даваат потребната сила и му благодарам на Господ за сѐ што ми подари како среќа и како предизвик“, изјави Кристијан Станковски, Бомбакис.

Повеќе детали за песната и нејзиното настанување Бомбакис ќе даде во неговата емисија „Лирика“, која што зема одличен замав кај публиката. Предвидено е раскажување на стих по стих на песната, заедно со детали од неговиот живот кои што вреди да се слушнат за да се дознае кој е всушност Бомбакис.

„Позитива“ е само краток вовед за понатамошните проекти кои доаѓаат од Бомбакис.

Оваа е линкот на кој што ќе можете да ја проследите песната премиерно денеска во 18:00 часот.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Калиопи го објави новиот албум, има и дует со Слаткаристика

Редакција

(Видео) Лорин по вторпат победи на Евровизија, Шведска по седми пат

Редакција

(Видео) Во сон почина Макси Џез, фротменот на легендарните „Фејтлес“

Редакција