еМагазин
Image default
Македонија

Бонева во изолација, одложено судењето за случајот „Друмарина”

Поради домашна изолација на обвинетатa Силвана Бонева, денешното рочиште за случајот „Друмарина” се одложи за 10 мај.

Судијата Марин Станевски, пред одложувањето на рочиштето соопшти дека одбраната на обвинетата доставила потврда за изолација поради Ковид-19 и здравствен надзор.

За денешното рочиште беше предвидено да се сослуша сведок.

Предмет на судење во овој случај како што е наведено во обвинението се фискалните сметки од патарините, за кои поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева се сомничи за измама на околу 100.000 евра пари на Собранието.

Застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител Артан Ајро.

МИА/Фото: Бонева/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски нема да ги подржи уставните измени предвидени со договорот за името

Редакција

Лежеле на пругата: Товарен воз усмрти двајца мигранти во гевгелиско

Редакција

355 нови случаи на Ковид-19 од 3.042 тестирања

Редакција