еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Даравелски барал помилување од Бранко Црвенковски, објави Телма

Телевизијата Телма објави дека поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски многу порано знаел за пресудата, иако судиите го ослободија и поверуваа дека дознал за неа по апсењето на Табановце во јануари и ја поништија неговата прва пресуда за финансиски злоупотреби, со што му овозможија ново судење и застарување на постапката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Даравелски излезе од затвор, снимен за првпат по 20 години

Според информации на Телма, за правосилната 7-годишна затворска казна Даравелски барал помилување уште во мај 2009 година, помалку од една година по настапување на правосилноста на пресудата.

Барањето за аболиција било поднесено од него до тогашниот претседател Бранко Црвенковски, потврдија за телевизијата од Кабинетот на претседателот: „Во евиденцијата на Кабинетот има примено барање за помилување од Драган Даравелски и одговор од 4. мај 2009 година“.

Барањето било експресно одбиено од Кабинетот на Црвенковски, односно воопшто не ни било расправано за истото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одново ќе му се суди на Даравелски

Пресудата испишана на 100 страници: За што е осуден Даравелски, кој по 15 години бара повторно судење

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Попладнево дојави за бомби во 15 училишта во Скопје

Редакција

Како Македонци, Косовари, Молдавци, Албанци, Арапи без бугарски корени си купија бугарски пасош

Редакција

21 починати од Ковид-19, најмладиот на 45-годишна возраст

Редакција