еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одново ќе му се суди на Даравелски

Заради интерес на медиумите за предметот против обвинетиот Драган Даравелски, осуден со правосилна пресуда К.бр. 809/05, а кој на 10 –ти јануари беше приведен по распишана меѓународна потерница и спроведен на издржување на затворската казна, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, по добиено барање од адвокатот на Даравлески за повторување на кривичната постапка, оформи предмет и изврши увид во списите на кривично правниот предмет К.бр. 809/05, предметот за извршување на досудената санкција на Основниот суд Киманово со КУИКП бр. 162/10, предметот на кривичниот совет со КС – КР бр. 1085/15, известувањето од КПУ Идризово и прибави мислење од надлежното ОЈО Скопје, информираат од Кривичен.

-Постапувајќи по барањето и по детална анaлиза на прибавените списи и докумeнтација, Кривичниот совет на 03.02.2023 година донесе решение со кое утврди дека барањето е основано и се дозволува повторување на кривичната постапка против обвинетиот.

Имено, во конкретниот случај, советот го ценел чл.3 ст.2 од Втор додатен протокол на Европската конвенција за екстрадиција како и одредбата од  чл.424 ст.1 од ЗКП, според која кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила можност повторно да му се суди во негово присуство ќе се повтори ако осудениот или неговиот бранител поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство.

Против ова решение добиена е жалба од ОЈО Скопје, која жалба согласно Законските одредби го одложува неговото извршување и предметот е доставен на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје, од каде денеска е добиена одлука на Вторстепениот суд со која решението на Кривичниот совет се потврдува во целост.

Решението во текот на денешниот ден ќе биде доставено до странките и КПУ Идризово.

Заради појаснување известуваме дека кривичната постапка против обвинетиот Драган Даравелски не е запрена односно со конкретното решение се дозволува повторување на постапката и ќе биде оформен нов предмет, кој ќе биде распределен на понатамошно постапување, велат од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресудата испишана на 100 страници: За што е осуден Даравелски, кој по 15 години бара повторно судење

Даравелски побара ново судење

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како „светиот оган“ за Велигден пристигна од Ерусалим до Бигорскиот манастир

Редакција

Менувачниците ќе можат да купуваат евра од банките

Редакција

Јован Деспотовски по вторпат ќе се кандидира за претседател на СДСМ

Редакција