еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Инфлацијата во јануари 17,1%

Трошоците на живот во јануари се зголемиле за 17,1 процент во однос на истиот период лани, а цените на мало се пораснале за 13,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со декември 2022 година, трошоците на живот се зголемени за 0,1 процент, а цените на мало бележат намалување од 0,4 проценти.

Пораст на трошоците на животот има кај кафето, чајот, какаото, рибата и морските плодови, свежото и разладеното овошје, жестоките пијалаци, месото, лебот и житата, прехранбените производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи.

Зголемување е забележано и кај собирањето смет, весниците, канцеларискиот материјал, електричната енергија, големите електрични апарати за домаќинствата, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор, опремата за спорт, производи за лична хигиена….

Намалување на трошоците на животот во споредба со декември има кај свежиот и разладен зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, кај маслото и виното, како и кај воздухопловниот патнички транспорт, снабдувањето со вода, обувките, горивата, малите електрични апарати за домаќинствата…

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИЖС: Усје ги имплементираше сите препораки, контролните мерења од независни лаборатории на 8 точки покажаа дека нема надминување на емисиите

Редакција

Украдени 40 милиони евра: Голем корупциски скандал за набавка на оружје во Украина

Редакција

Зголемување од 10,5%: 902 нови случаи на Ковид-19 за една недела во 29 градови

Редакција