еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

БРАВО: Македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров и го донираа својот изум за дезинфекција „УВ Гард“ на Инфективната клиника

Клиниката за инфективни болести доби „УВ Гард“ за дезинфекција од вируси и бактерии, донација од македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров.

„УВ Гард“ e уред со УВ зраци за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии, со цел зајакнување на условите во оваа установа каде се сместени и се лекуваат пациентите кои се заразени и позитивни на коронавирус.

Функционалноста на овој апарат е следна:

– Дезинфицира и површини и воздух, 360 степени наоколу.

– Работи на принцип на зрачење кратка UV-C бранова должина од 254 нанометри.

– Ги убива микроорганизмите кои доаѓаат во контакт со светлината, им ги уништува нуклеинските киселини и ја нарушува нивната ДНК, оставајќи ги без можност да ја вршат својата функција.

– Просторијата што се дезинфицира мора да биде празна, но тоа не е проблем бидејќи уредот се контролира од далечина и го заштитува тој што го ракува.

– УВ зраците допираат до места кои се недостапни и стопроцентно ги елиминираат вирусите и бактериите и на нерамни површини.

– За просторија од 40 квадратни метри се доволни околу триесетина минути, а веднаш по дезинфекцијата се чувствува силен мирис на озон.

„Сакаме да им помогнеме на нашите здравствени работници. УВ Гардот е уред кој дезинфицира вируси и бактерии. Апаратот е мобилен, со функционалност да се движи на тркалца од една просторија во друга.

Работи на струја и батерии, што претставува одлична можност за дезинфицирање на места каде што нема електрична инсталација.

Се надеваме дека ќе помогнеме на Клиниката, затоа што лицата од првите борбени линии ја заслужуваат нашата најголема поддршка во справувањето со Ковид-19“, вели Ивица Поцков, македонски иноватор кој заедно со Никола Глигоров го имаат создадено овој уред.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ понуди цена од 48, a цените на берзата достигнуваат до 360 евра за мегаватчас, велат од компанијата

Редакција

Сител, Канал 5, Алсат-М и Алфа лани работеле со добивка, Телма со загуба

Редакција

На повидок нов бран на Ковид-19, невакцинираните и тие што не го прележале вирусот на „удар“

Редакција