еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Бротче потона во Студенчишкиот Канал, дел од горивото се излеа во Охридското Езеро

Бротчето „Лихнида“ потона во Студенчишкиот Канал кај Билјанините Извори, по што дел од горивото од пловилото заврши во водите на Охридското Езеро.

Екипи од Капетанијата на бродови во Охрид веднаш излегле на местото на настанот, најавувајќи активности за извлекување на бротчето од каналот.

Проблеми со запуштени пловила и порано имало во Студенчишкиот Канал, кој во отсуство на соодветна марина и обезбеден простор за закотвување претставува единственото место на езерото каде завршуваат дотраените бродови.

Капетанот на Капетанијата во Охрид, Горан Устијаноски изјави дека во координација со локалната самоуправа ќе се бараат начини како сите дотраени пловила да бидат отстранети од Студенчишкиот Канал.

Истовремено, тој посочи на обврската на сопствениците да се грижат за своите пловни објекти, односно доколку не се во пловна состојба да бидат отстранети од езерото.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) НЛБ Банка засади 3.700 садници во малешевскиот регион, погоден во големите шумски пожари минатата година

Редакција

Отпад од Инфективна болница закопувале кај заштитната зона на бунарите „Нерези Лепенец“

Редакција

(Галерија) Депонијата крај Вардар за некои ќар, за сите загадување: Фатени на дело како горат кабли

Редакција