еМагазин
Image default
Македонија

Бугарија ако сака да сме пријателска држава, треба да ја смени реториката, вели членот на заедничката Комисија, Тодоров

Демократијата не дава за право да се навредуваат другите. Бугарија ако сака да сме пријателска држава, треба да ја смени реториката, вели историчарот Петар Тодоров, член на Историско-образовната мешовита комисија, коментирајќи го настанот во Битола изминатиот викенд.

– Има нешто да се каже и ние како се однесуваме кон Бугарија. Иако ова повеќе говори за ставовите на Бугарија, која гради националистичко општество кое по падот на Берлинскиот ѕид негува антикомунизам.

Пораката која ја праќа бугарското општество е многу непријатна не само за Македонија, туку и за целата Европа. Тоа е карактеристика и за други држави во регионот, како што е Србија со Дража Михајловиќ. Проблем е оваа политика на Тодор Живков што ја негува Бугарија, вели Тодоров за „Утрински брифинг“.

Според него, националистичките реторики и наративи се градат преку различни канали и се користат во првата криза што ќе се појави.

– Мислам дека Европа некако бавно реагира на вакви постапки, треба силно да се одговори на крајнодесничарските елементи кои ги релативизираат жртвите од Втората светска војна. Тоа го стори и самиот Европски парламент кога ги изедначи фашизмот и комунизмот за да можат да се рехабилитираат некои антикомунистички личности, вели Тодоров.

Тој вели дека државава покажа зрелост да нема реакција која би довела до немили настани.

– Треба да се спречи да настанат вакви инциденти и провокации. Големото мнозинство се согласува дека ова не е во ред и изразува згрозеност. Требало да се направи нешто да не дојде до оваа ситуација. Зошто сме дозволиле формирање здружение со вакво име, оти не е проблем самото доаѓање на делегацијата туку здружението со такво име. И не е првпат.

Имавме здружение по име „Радко“ име кое е прекар на Михајлов, а Мара Бунева се чествува од пред десетина години и има комеморации во бугарскиот клуб во Скопје, коментира Тодоров.

Како член на Историско-образовната мешовита комисија, Тодоров вели дека од самиот почеток на Комисијата политичарите се тие кои треба да создадат услови да се решаваат проблемите и да се уредат учебниците.

– Ние можеби ќе направиме чекор напред, ни се случува враќање три чекори назад. Не е убаво да се слуша политичари да се занимаваат со минатото. Нивна задача е да создадат демократско општество, вели Тодоров за „Утрински брифинг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Досега не е поднесена жалба против решението за упис на основање на здружението „Иван Михајлов“, велат од Централен регистар

Европската комисија без коментар за посетата на бугарската делегација на здружението „Ванчо Михајлов“ и за условите на Софија

МИА/Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинанцијата против Ковид-19 во Македонија ќе почне в среда со вакцинирање на здравствените работници

Редакција

(Галерија) Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски побара оставка од Заев, за утре најави блокади во неколку градови

Редакција

Шилегов запрепастен од шпекулациите: Ќе се кандидира за втор мандат за градоначалник на Скопје

Редакција