еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Бугарија е најевроскептична земја: Дури 20% од Бугарите веруваат дека ЕУ е закана за нивниот идентитет и вредности

Бугарија е најевроскептичната земја во Централна и Источна Европа, со 70 отсто од граѓаните за останување во ЕУ и 23 отсто за напуштање на блокот (зголемување од 6 процентни поени во споредба со 2021 година).

Дури 20 проценти од Бугарите веруваат дека ЕУ е закана за нивниот идентитет и вредности.

Земја со најголема поддршка за ЕУ е Литванија со 88 отсто. Ова го покажуваат податоците на ГЛОБСЕК, глобален тинк-тенк со седиште во Братислава.

ЕУ продолжува да ужива силна поддршка во Централна и Источна Европа, покажуваат податоците. Во просек, 80 отсто од испитаниците би гласале за останување во ЕУ, што го нагласува фактот дека членството во ЕУ стана поутврдено во регионот.

Поддршката за останување во ЕУ е зголемена од 2021 година за 14 процентни поени во Чешка, 8 процентни поени во Литванија и 7 процентни поени во Унгарија.

Зголемената поддршка за останување во ЕУ во текот на изминатата година може да се опише како одговор на двете кризи од последните неколку години – пандемијата на Ковид-19 и војната во Украина – кога членството во ЕУ се покажа попрофитабилно.

Чесите, иако се сметаат за поевроскептични, изразија рекордна поддршка за членството во ЕУ. Ова можеби е поврзано со новата, силна проевропска влада и претстојното второ чешко претседателство со Советот на Европската унија.

Промената во Чешка ја остава Бугарија како актуелна најевроскептична земја. Унгарија, од своја страна, исто така, забележа поголема поддршка за членството во ЕУ од падот во претходната година, и покрај поддршката на Виктор Орбан за континуираната пропаганда против ЕУ.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфо-средби за ИПАРД Програмата 2014 – 2020 во општините Чешиново-Облешево и Пробиштип

Редакција

Над 43% од трошоците на домаќинствата во Македонија се за храна и пијалоци, во ЕУ – 13

Редакција

Крајни десничари и популисти победија на изборите за ЕП во Франција, Грција, Унгарија…

Редакција