еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Бугарија станува проблематична земја која го попречува развојот на ЕУ, вели бугарскиот европратеник Ќучук

Бугарија станува проблематична земја која ги попречува развојните процеси на ЕУ. Нашето место не треба да е меѓу попречувачите, туку во развојниот простор – да поставиме агенда, да наметнеме различни гледишта кои ќе ја направат ЕУ многу поефикасна и тоа да биде во бугарски национален интерес.

Една од темите што требаше да ги води Бугарија беше поврзана со проширувањето на ЕУ и како Албанија и Македонија треба да бидат дел од неа, вели во интервју за БНР, Илхан Ќучук, европратеник од „Обнови ја Европа“, член на Комисијата за надворешни работи во ЕП и известувач за Македонија.

Тој е категорично против идејата за радвојување на Македонија и на Албанија на европскиот пат, бидејќи смета дека со тоа дополнително ќе се искомплицира меѓународниот имиџ на Бугарија.

Според него, предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ е најдобар досега за Бугарија.

– Дали ќе биде усвоен од Софија и Скопје е друго прашање… Дефинитивна грешка беше да се префрли прашањето како врел компир во Народното собрание. Позицијата на Бугарија треба да биде изготвена од Министерскиот совет. Според Уставот, надворешна политика ја води Министерскиот совет, а не Парламентот, вели Ќучук.

Тој смета дека доколку Бугарија усвои заеднички став за предлогот за Mакедонија, политичкиот притисок повеќе нема да биде врз неа, туку ќе се бараат други механизми за да се наметне еден или друг предлог.

– Бугарија ќе има став, бидејќи не може две години да немаме заедничка позиција за ова прашање. Ќе биде големо непочитување кон ЕУ ако нашата земја не излезе со јасен став како гледа на ова прашање.

Во предлогот има доста добри гаранции за решавање на тешките проблеми од минатото и за отворените стари емотивни прашања, како и за правата на Бугарите – тие своите гаранции ќе ги остварат на европски начин, изјави Ќучук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ставот на Вархеји за прифаќање на „бугарските грижи“ нема логика, тој треба да поднесе оставка, вели Фуере

Бугарите му се нафрлија на Еди Рама

МИА/Фото: Фејсбук/ Ќучук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин: Воведувањето зона на забранети летови над Украина би имало катастрофални последици“за целиот свет

Редакција

Убава вест: 77 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Врховен ги одби жалбите на обвинетите за „Монструм“

Редакција