Царинската управа во јули остварила наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, информираа од таму.
Споредено со јули лани истата е поголема за 1,5 милијарди денари или за 11,8%, а од таму велат дека станува збор за историски највисокa месечна наплата на приходи.
Зголемувањето во најголем дел се должи на зголемените набавки на опрема од страна на Министерството за одбрана, зголемениот увоз на нафта и нафтени деривати, како и на зголемениот увоз на тутун и тутунски производи.
Кумулативно од почетокот на годинава заклучно со јули, Царинската управа остварила вкупни приходи од 80,5 милијарди денари или 1,3 милијарди евра, што е за 87,6 милиони евра повеќе од истиот период лани.
Фото: Унсплеш














