
Дизелот поскапува за 3,5 денари, цената на бензините останува иста
Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува за 3,5 денари, а цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Дизелот сега ќе се продава за за 95,50 денари.




























