Категорија: Локално

Полицискиот службеник кој спречи самоубиство на девојката од Тетово ќе биде награден

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по вчерашниот настан во Тетово, каде полициски службеници спречија трагедија и спасија млад живот, денес го прими и разговараше со колегата Беким Исмани, кој со исклучителна храброст и присебност ја спречи девојката да скокне и да си го одземе животот, а притоа беше повреден

Прочитај повеќе

Две лица нападнале обезбедување во ГОБ „8 Септември“

На 23.07.2025 во 14.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода У.П. (44) и А.Б. (50), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, при што А.Б. физички

Прочитај повеќе

(Видео) Полицијата спречи самоубиство на девојка во Тетово, едно лице уапсено за посредување на проституција

Вчера во мотел во Тетово полицијата спречи обид за самоубиство на млада девојка. Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово таа сакала да скокне од прозорец од мотелот. Полицијата стигнала во мотелот по пријава од лицето Л.К., кој пријавил дека девојката не сакала да го напушти мотелот.

Прочитај повеќе

50-годишен маж пронајден мртов во парк во Скопје

Маж на возраст од 50 години вчера е пронајден починат во паркот спроти зградата на поранешна „Нова Македонија”. Станува збор за С.К. од Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство. Неговото тело е дадено на обдукција. Фото:

Прочитај повеќе

(Фото) Спречен обид за подметнување на пожар на Осоговски Планини

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, информираше дека вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини бил спречен обид за подметнување шумски пожар. Шумочуварите на „Национални шуми“ од подружницата Осогово од Крива Паланка, во месноста Алтан Врв, на надморска височина од 2.000 метри, нашле повеќе од

Прочитај повеќе

Српски турист е починатото лице пронајдено на пешачка патека кај хотел „Инекс“ во Охрид

Српски турист е починатото лице пронајдено на пешачка патека кај хотел „Инекс“ во Охрид. „На 20.07.2025 година во 19.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, има починато лице. Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за М.Џ. (56) од Пожаревац,

Прочитај повеќе

Автобус на ЈСП се запали во движење, возачот пренесен на Токсикологија поради вдишување на чад

Автобус на ЈСП се запали во движење, a возачот e пренесен на Токсикологија поради вдишување на чад. „Денеска (21.07.2025) во 07.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП, управуван од С.Б., додека се движел по булеварот. Огнот бил

Прочитај повеќе

Дете пронајдено во бесознание во базен во двор во прилепско

На 20.07.2025 околу 20.30 часот во ПС Прилеп од страна на доктор од Општата болница „Борка Талески” било пријавено дека кај нив било донесено едноипол годишно дете, кое според кажаното од неговите родители С.И. и Б.Т. од с.Заполжани, Општина Долнени, го пронашле во базен во нивниот двор во безсознание, информираа

Прочитај повеќе

Пронајдено починато лице на пешачката патека кај хотел „Инекс“ во Охрид

Безживотно тело на маж, е пронајдено на пешачката патека на хотелот „Инекс“ во Охрид, во непосередна близина на претседателската вила. Неофицијално станувало збор за лице кое имало здравствени проблеми и најверојатно лицето починало од срцев удар. Телото е предадено на обдукција. Повеќе детали од МВР се очекуваат денеска. Фото: Unsplash

Прочитај повеќе

Загина мотоциклист на автопатот Табановце-Куманово

Денеска околу 02:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Табановце-Куманово, триесет и четиригодишниот В.С. од село Лопате, кумановско, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди В.С. починал на самото место на настанот, а смртта е констатирана од лекар

Прочитај повеќе

Каков имот пријавил Златко Перински, новиот директор на Фондот за здравствено осигурување

Нов директор на Фондот за здравствено осигурување е Златко Перински. На новата функција дојде откако беше сменет од министерското место во Министерството за локална самоуправа. Доаѓа на местото на Сашо Клековски, кој пак стана министер за здравство. еМагазин разгледа каков имот пријавил Перински до Антикорупциската комисија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е

Прочитај повеќе

(Фото) Јајца од цревен паразит пронајдени во микробиолошки наод кај гостиварец – се пренесува преку загадена вода

Дарко Грујоски од Гостивар објави микробиолошки наод кој покажува дека кај него се пронајдени јајца од цревен паразит – Ascaris lumbricoides. Овој паразит е познат по тоа што се пренесува по фекално-орален пат, преку загадена вода, загадена храна или нечисти раце. „По препорака од лекар, поради лесното пренесување, треба да

Прочитај повеќе

Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека денеска се одржал координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој се сумирале штетите и последиците од силното невреме што го зафати главниот град. „Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават

Прочитај повеќе

Со проекција на документарни филмови во шест населени места заврши 17. Патувачко кино на „МакеДокс“

Веќе 17 години Патувачкото кино на „МакеДокс“ ги поврзува луѓето преку документарните приказни и ги собира на плоштадите, во училишните дворови и на останатите јавни простори кои се претвораат во кино за една вечер. Покрај филмските проекции, секоја кино-вечер нуди можност за средба, разговор и заедничко споделување на приказни кои

Прочитај повеќе

33 повредени лица во невремето во Скопје, оштетена кровна конструкција на ГОБ „8 Септември“ и кровот на Клиничката болница во Штип

Во вчерашното невреме во Скопје биле повредени 33 лица, информираа од Министерството за здравство. Во „Св. Наум Охридски“ помош побарале 22 лица, од кои двајца се задржани на болничко лекување. Во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) биле

Прочитај повеќе

Пуштено во употреба реконструираното Одделение за трауматологија во „Св. Наум Охридски“

Пуштено e во употреба реконструираното Одделение за трауматологија во при Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Вкупната инвестиција е 230 илјади евра, а со реконструкцијата Одделот сега располага со 26 нови болнички кревети, целосно е обновена електричната и водоводната мрежа, реконструирани се санитарните јазли, а инсталирани

Прочитај повеќе

  • Најчитани вести


  • Најчитани вести