Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека цената на становите во Скопје и понатаму расте.
Трендот на раст на цената на становите започна во 2022 година, а во вториот квартал од годинава тој изнесува 5,5%.
Како што покажуваат податоците, трендот забававува. Во вториот квартал на годишно ниво истиот изнесувал 13,3%, а претходниот квартал бил 16,6%.
Народна банка индексот го пресметува врз основа на огласени, а не реализирани цени за продажба на станови.
Највисоки се цените на станови во општините Центар, Карпош и Аеродром.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дански инвестициски фонд купил 40 станови во Скопје
Во Скопје станови се продаваат и за 3.000 евра за квадрат
Најмногу станови во Скопје се продаваат во Аеродром, квадрат најскап во Центар














