Актуелниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, кој е претседател на Демократската партија на Србите нема повеќе да биде на овие функции, туку ќе стане министер за локална самоуправа.
Тој доаѓа на местото на Златко Перински, кој пак ќе биде нов директор на Фондот за здравствено осигурување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов министер за односи меѓу заедниците пак ќе биде кадарот на Вреди, Агон Ферати.
еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите министри.
Кој е Стоилковиќ
Роден е на 15. февруари 1962 година во Куманово.
Своето образование го започнал во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово и истото го продолжува на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекнува со титулата дипломиран правник.
Зборува и англиски јазик
Професионална и политичка кариера
Неговата професионална кариера започнува во 1986 година во Младинскиот совет во Куманово, каде што е претседател сé до 1990 година.
Потоа, во 1992 година тој основал и градежно претпријатие, активност која трае сé до 2002 година.
Бил пратеник во македонското Собрание од 2002 година до 2024 година.
Стоилковиќ од 2001 година до денес е претседател на Демократската партија на Србите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Борче Серафимовски, кој ќе биде новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Кој е Сашо Клековски, кој ќе биде нов министер за здравство
Фото: Фејсбук/Стоилковиќ














