17 милиони денари за членовите на УО на Централна кооперативна банка лани

Централна кооперативна банка АД Скопје во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, меѓу друго соопшти дека на тројцата членови на Управниот одбор (УО) на Банката лани по основ на плати по менаџерски договори им исплатила 17,08 милиони денари бруто, износ кој претставува фиксен дел и дека не е исплатен варијабилен надоместок за таа година.

Во текот на 2025 година, во УО на Банката беа Неделин Валчев, кој е претседател на УО, Орце Трајковски, кој е член и Станимир Станчев, исто така член.

Валчев, исто така, ги извршувал и функциите претседател на Кредитниот одбор на Банката, е член на Одборот за наградување и член на Одборот за управување со ризици.

Трајковски, ја извршувал и функцијата заменик-претседател на Кредитниот одбор, а Станчев, исто така, е и член на Одборот за управување со ризици.

На 21 лица со посебни права и одговорности, пак на бруто-основа им се исплатени вкупно 44,13 милиони денари за плати и плати од деловна успешност и регрес за годишен одмор, од кои 42,33 милиони денари претставуваат фиксен и 1,81 милиони денари претставуваат варијабилен надоместок.

На останатите 210 вработени во Банката, исплатени им се вкупно 167,53 милиони денари за бруто-плати, плата од деловна успешност, регрес за годишен одмор и останати надоместоци од кои 162,82 милиони денари претставуваат фиксен и 4,71 милиони денари претставуваат варијабилен надоместок.

На членовите на Надзорниот одбор (НО), Банката пак им исплатила вкупен фиксен надомест во висина од 9.578.570.00 денари.

Лани во НО на Банката биле Тихомир Ангелов Атанасов, кој е претседател на НО, Јонко Петров, заменик-претседател, Христо Георгиев Христов, член, Јордан Христов, член, Вангел Спиров, независен член, Светослав Мичев, независен член и Нели Димитрова Кордовска, независен член.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работела Централна кооперативна банка лани

Нели Димитрова Кордовска именувана за член на НО на Централна кооперативна банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести