Матичниот лекар Бојан Трајковски на својот Фејсбук профил предупредува на присуство на сериозен стомачен вирус.
-Хара доста сериозен стомачен вирус!
Многу силни стомачни болки, грчеви страшни, силна треска, температура до кај 39, честа дијареа, нагони на повраќање…нема што нема од симптоми!
Влезе ли у фамилија ги проаѓа сите.
Изолирајте се, течности што повеќе, лесна храна, пробиотици уште од сега, спазмолитици по потреба, антипиретици и во крајна нужда и инфузиона терапија.
Држи неколку дена, па затоа трпение, одмарање и без паники!, пишува тој.
Фото: Трајковски/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.