еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарското МНР и врачи протесна нота на македонската амбасадорка за инцидентот во Охрид

Портпаролот на бугарското Министерство за надворешни работи, Костадин Коџабашев на својот редовен брифинг соопшти дека амбасадорката на Македонија во Софија, Агнеза Руси-Поповска била повикана на вонреден состанок, на кој и била врачена протесна нота, по повод синоќешниот инцидент со бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Коџабашев на средбата со амбасадорката Руси-Поповска изјавил дека Бугарија очекува надлежните органи во Македонија веднаш да ги преземат сите неопходни активности за откривање и изведување пред лицето на правдата на сторителите на кривичното дело. Тој исто така посочи дека Агнеза Попоска го уверила дека надлежните институции во Македонија ќе го истражат случајот со цел да се откријат сторителите.

Коџабашев рече дека бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков синоќа телефонски разговарал со неговиот македонски колега Бујар Османи, кој се обврзал што побрзо од македонска страна да се утврди што се случило.

Вања Малакова, шеф на дирекцијата „Југоисточна Европа“, на брифингот посочи дека информациите што дошле од бугарскиот генерален конзулат во Битола е дека се пукало повеќе пати.

Според Малакова, во моментов има градација со тешко кривично дело и нема шанси тоа што се случи да не влијае на текот на билатералните односи меѓу Скопје и Софија, но додаде дека Бугарија има секаква желба да продолжи позитивниот дијалог.

Македонското Министерство за надворешни работи синоќа го осуди оштетувањето на стаклото на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид кое се случило вчера.

– Министерството за надворешни работи на РС Македонија најстрого го осудува вандалскиот чин, при што меѓу другото со употреба на оружје се оштетени надворешните стакла на граѓанскиот клуб во Охрид.

Особено загрижува фактот што овие вандалски активности се повторуваат во многу краток период, имајќи предвид дека пред само неколку дена, на 20 ноември, бевме сведоци на уште еден вандалски чин кога беше оштетен излогот на клубот. Ваквите настани се целосно неприфатливи, можат да загрозат човечки животи, и ги засилуваат ретроградните процеси кои се во спротивност со европските интеграции на земјава, се наведува во реакцијата за МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Со оружје оштетено стаклото на бугарскиот клуб во Охрид, МНР со осуда

МИА/Фото: Бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков крај на мандатот на Јанева: Ем притворена ем разрешена, а можеше да биде симболот на борбата против корупцијата

Редакција

(ВИДЕО) Авиони на САД и Грција од македонското небо го поздравија нашето членство во НАТО

Редакција

Бирото за развој на образованието вработува 12 службеници

Редакција