еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Алкалоид дел од иницијативата на Британска амбасада „Засади дрво за јубилејот“ за одбележување на 70. Платинест јубилеј на Кралицата Елизабета Втора

Британската амбасада во Скопје покрена иницијатива „Засади дрво за јубилејот“ за одбележување на 70. Платинест јубилеј на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора.

На настанот биле поканети сите, од поединци, градови, училишта и компании да дадат свој придонес во збогатување на животната средина со засадување на дрво и Британската амбасада во Скопје ја започна иницијативата за засадување на дрва во Македонија.

Како што информираат од Британската амбасада во Скопје, засадени се повеќе од 70 дрва во дворот на Кабинетот на Претседателот, во дворовите на училишта, градинки и општини.

– Британската амбасада во Скопје заедно со Јавното претпријатие Национални шуми и бизнис заедницата ќе помогнат во засадувањето на 13.000 садници за пошумување на 5 хектари земјиште со внимателно одбрани видови на автохтони дрва од овој регион.

Локалните бизнис компании кои ја поддржаа оваа иницијатива донираа повеќе од половина милион денари за процесот на пошумување, се посочува во соопштението на Амбасадата.

Амбасадорот Метју Лосон изјави дека бизнис заедницата има клучна улога во справувањето со предизвиците што ги носат климатските промени.

– Ми претставува задоволство да им се придружувам на претставниците од ЈП Национални шуми, како и на бизнис заедницата од Македонија во Велес, да го помогнеме пошумувањето на оние подрачја во Македонија каде е најмногу потребно.

Шумите имаат клучно значење за ограничување на глобалното затоплување на 1.5 степени и прилагодување на климатските влијанија. Би сакал да се заблагодарам на Алкалоид, Kuehne Nagel, Шпаркасе Банка, НЛБ Банка, Универзал груп, Британската детска академија, Квенбергер Логистик и Дени Интернационал за нивната поддршка на иницијативата и за нивниот придонес, рече Лосон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Енвер Хусејин, заменикот на Јагода Шахпаска

Редакција

Скопје без традиционалната новогодишна прослава, музичарите самоиницијативно организираат забава на градскиот Плоштад

Редакција

ТАВ Македонија е најпосакуван работодавач во категоријата „Транспорт и логистика”

Редакција