еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ТАВ Македонија е најпосакуван работодавач во категоријата „Транспорт и логистика”

На манифестацијата „Работодавач на годината“ организирана од страна на Vrabotuvanje.com, вчеравечер, 17. април, ТАВ Македонија ja прими наградата за „Најпосакуван работодавач во 2023“ во категоријата „Транспорт и логистика”, информираат од таму.

Првиот македонски сајт за пребарување работни места, Vrabotuvanje.com изборот го направи врз основа на интересот на потенцијалните кандидати за вработување за отворените работни позиции на компаниите, како и преку спроведени анкети, пополнети од страна на случајно избрани граѓани кои ја посетиле веб-страницата и гласале, а сето ова преку веб-страницата на Вработување.ком каде се оценува јавното мислење.

„Како аеродромски оператор со глобално присуство во аеродромски операции и управување со аеродроми, особено сме почестени што ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ја доби наградата за „Најпосакуван работодавач во 2023“ од првиот македонски веб сајт за пребарување работни места Вработување.ком.

Признанието и наградата се одраз на нашата непоколеблива заложба за поттикнување на култура на работното место во која се инкорпорираат поддршка, инклузивност и јакнење. Ова признание ја нагласува и истакнува нашата заедничка посветеност на благосостојбата и развојот на нашите луѓе, поттикнувајќи нè постојано да се стремиме кон извонредност во сè што правиме,“ изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Од 88 компании со големина од 200-5000 вработени, што беа во потесен круг за едно од 10. признанија доделени вчеравечер, за најпосакуван работодавач во 2023 година, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, беше избрана и се стекна со признание за најдобар и најпосакуван работодавач во категоријата „Транспорт и логистика”.

ТАВ Македонија ДООЕЛ е компанија основана во 2008 година како компанија со основна дејност Услужни дејности поврзани со воздухопловниот превоз, а во 2010 година ги презема аеродромските операции на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.

Откако ТАВ Македонија ДООЕЛ управува со двата македонски аеродроми, авионскиот патнички сообраќај е зголемен за речиси 5 пати за период од 13 години (2011-2024).

Низ годините, ТАВ Македонија ги модернизираше аеродромските операции притоа обезбедувајќи највисок квалитет на аеродромските услуги кои што го опфаќаат следново: услуги за прифаќање и испраќање воздухоплови, патници, багаж, стока и пошта, обезбедување, карго-операции, управување со аеродромската оперативна безбедност и воздухопловната зона, а преку матичната компанија, ТАВ Аеродроми, и нејзините сестрински компании обезбедува и кетеринг услуги, угостителски услуги, комерцијални услуги, ВИП и ИТ услуги, бесцаринско работење и одржување хигиена – за сѐ поголемиот број на клиенти, патници и летови на кои сообраќаат бројни авиокомпании на двата аеродрома.

Оттука над 840 луѓе кои работат на двата македонски аеродрома во ТАВ Македонија, имаат исклучителна можност да работат и да учат, да ги зголемуваат и да ги развиваат нивните вештини, знаење, компетенции и квалификации во оваа уникатна авијациска и аеродромска индустрија, а во исто време, истите овие луѓе со нивната посветеност придонесуваат за аеродромите да бидат фасцинантни места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Извинете што Ве апсевме“: Твитер реакции за одлуката на судот дека Латас е невин

Редакција

Германија ќе и испрати тенкови „Леопард“ на Украина, за Москва одлуката е „потврда дека Западот планирал војна против Русија“

Редакција

Детална листа: Најнови мерки и заклучоци на Владата против корона вирусот

Редакција