еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Енвер Хусејин, заменикот на Јагода Шахпаска

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на замениците-министри.

Кој е Енвер Хусејин

Енвер Хусејин е заменик-министер во Министерство за труд и социјална политика.

Хусејин е дипломиран професор по одделенска настава и магистер по правни науки.

Работно искуство и политичка кариера

Од 1997 до 2014 година е основач и управител на приватна фирма, но во биографијата не навел во која.

Од 2004 до 2008 година е основач и претседател на Здружение на граѓани и се уште учествува во сите хуманитарни акции и добртворни цели кои се организираат од страна на Здружението, стои во неговата биографија.

Од 2004 до 2007 година бил наставник по одделенска настава во ОУ Крсте Петков Мисирков.

Од 2007 до 2009 година бил директор на приватна Радио-дифузна установа во Штип.

Од 2008 до 2012 година бил член на Управниот одбор на ЈП Агро Берза.

Од 2012 до 2014 година бил директор на педагошка служба во Министерството за образование и наука (МОН).

Од 2014 до 2017 година бил државен секретар во Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Од 2018 до 2020 година бил државен секретар во МОН.

Од 2018 година е на позиција раководител на Одделението за еквиваленција и нострификација.

„Во текот на својот професионален ангажман беше вклучен во повеќе координативни активности на национално ниво како претставник од државна институција преку учество на различни конференции и настани на европско ниво.

Член е на работен комитет за европска интеграција, на работна група за утврдување на начин на употреба на ендоними и егзоними и на Комисијата за збратимување на училишта од Турција и Македонија“, стои во неговата биографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што му пишува во биографијата: Кој е Арафат Шабани, заменикот на Мила Царовска

Кој е Димитар Ковачевски, идниот заменик-министер на Бесими

Кој е Илир Хасани заменикот на Филипче: Субспецијалист трауматолог кој воведе нови методи на лекување, ценет од пациентите

Кој е Агим Нухиу: Богата професионална кариера на идниот заменик-министер за правда

Кој е Трајан Димковски заменик-министер во МЗШВ: Што пишува во биографијата на старо-новиот кадар во земјоделскиот сектор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска треба да почне судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири

Редакција

(Видео) Малата Бисера си замина дома

Редакција

Стабилно време до крајот на неделава, магла наутро, преку ден сончево

Редакција