еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Илир Хасани заменикот на Филипче: Субспецијалист трауматолог кој воведе нови методи на лекување, ценет од пациентите

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на замениците-министри.

Кој е Илир Хасани

Илир Хасани е заменик-министер во Министерство за здравство.

Дипломирал на Медицинскиот факултет при УКИМ во 2001 година.

Работно искуство

По завршениот задолжителен лекарски стаж се вработил во ПЗУ „Зана“ како доктор по општа пракса.

Од 2003 година волонтирал на Клиниката за трауматологија во Скопје каде што бил активно вклучен во секојдневна пракса.

Од 2004 година е вработен на Клиниката за трауматологија.

Од 2008 година е специјалист по општа хирургија.

Од 2006 година бил избран за помлад асистент, во 2011 за асистент, а во 2015 година бил избран за асистент докторанд на Медицинскиот факултет по предметот хирургија.

Од 2009 до 2010 година ја вршел функцијата в.д директор на Клиника за ортпоедски болести.

Во 2009 година бил избран за национален претставник на Здружението на медицински комитет при НАТО силите.

Во јуни 2010 година бил именуван за заменик координатор на хируршки клиуники со Ургентен центар КАРИЛ и Клиника за ортопедски болести.

Од 2011 до 2017 година бил раководител на Ургентниот хируршки центар каде што максимално придонесува кон организирање на ургентната служба, ургентното дијагностицирање и ургентното згрижување на акутно хируршки болни во нотмални и услови на масовни случувања.

Од 2017 година е именуван за директор на ЈЗУ УК за трауматологија, ортопедски болести, анестезија реанимација и интензивно лекување и ургентен центар.

Во 2017 година бил именуван за Национален советник на министерот за здравство.

Во 2018 година завршил субспецијализација по трауматологија со што стана субспецијалист трауматолог.

Во март 2018 година ги завршил докторските студии по областа Трауматологија на Коскено-зглобен систем на Медицински факултет во Скопје, додека научен соработник е избран во јуни 2019 година при истиот факултет.

Учествувал на повеќе конгреси, симпозиуми, и други стручно-научни собири од меѓународен и национален карактер како поканет предавач, автор и коавтор на повеќе трудови кои се рецензирани во списанија и билтени на конгреси и симпозиуми.

За првпат во Македонија вовел неколку нови методи во современата трауматологија во потесно подрачје во третамнот на патологиите на ацетабулум, карлица и рбетен столб кои што нови методи се веќе апсолвирани во Клиниката за трауматологија и се користат рутински.

Во мај 2020 година е избран како национален делегат од Македонија во најголемата светска организација на трауматологија и ортопеди SICOT.

Одлично го познава англискиот јазик, со меѓународно признат сертификат од универзитетот Кембриџ.

Член е на Македонското лекарско друштво, Македонското друштво на ортопеди и трауматолози.

ПОВРЗНИ ВЕСТИ

Кој е Трајан Димковски заменик-министер во МЗШВ: Што пишува во биографијата на старо-новиот кадар во земјоделскиот сектор

Што му пишува во биографијата: Кој е Зоран Маневски, заменик-министерот на Бектеши

Што му пишува во биографијата: Кој е Илхан Рахман идниот заменик-министер на Груби

Што му пишува во биографијата: Кој е Назим Буши, идниот заменик-министер во МВР

Фото: Фејсбук/Хасани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 289 заболени од Ковид-19, од Скопје 124

Редакција

Поради Васил Гарванлиев, македонскиот амбасадор во Софија повикан во бугарското МНР

Редакција

Убава вест: Оздравени 330 болни од Ковид-19

Редакција