еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што му пишува во биографијата: Кој е Назим Буши, идниот заменик-министер во МВР

„еМагазин“ во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на предложените заменици-министри.

Кој е Назим Буши

Назим Буши гимназија завршил во „Зефљуш Марку“ во Скопје, а воено училиште во Сараево.

Дипломирал на Педагошки факултет во Скопје.

Постдипломски студии завршил на Правниот факултет на УКИМ, и е магистер по медиуми и комуникации.

Говори англиски јазик.

Работно искуство и политичка кариера

Од 1987 до 1991 година работи на воен аеродром на Југословенската народна армија (ЈНА)

Од 1992 до 2001 година работи на воениот аеродром во Петровец, Скопје.

Од 2002 до 2006 година работи во Републички судски совет за безбедност во сообраќај при МВР.

Од 2002 до 2004 година е член на Управниот одбор (УО) во ПИОМ.

Од 2004 до 2006 година е заменик-директор на Агенцијата за спасување и заштита во Влада на РМ и претседател на УО на Гинеколошка болница во Чаир.

Од 2009 година до денес е надворешен советник на градоначалникот на Општина Чаир.

Од 2010 до 2017 година е потпретседател на Одбор на директори на Македонски телеком.

Од 2017 година е главен оперативен директор на Македонски телеком.

Од 2018 година до денес е претседател на Одбор на директори на Македонски телеком.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Башким Хасани, идниот заменик-министер за одбрана

Кој е Димитар Ковачевски, идниот заменик-министер на Бесими

Фото: Фејсбук/Буши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски Телеком“ оствари добивка од 23,2 милиони евра за девет месеци

Редакција

Нови 178 случaи со Ковид-19 од 1.368 тестирања: Најголем број од заразените во Скопје, Куманово, Прилеп, Кочани и Тетово

Редакција

Македонија пред нова арбитража: Владата бара адвокати да се брани од милијардерите Бинани

Редакција