еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Башким Хасани, идниот заменик-министер за одбрана

„еМагазин“ во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на предложените заменици-министри.

Кој е Башким Хасани

Башким Хасани е предложен за заменик-министер во Министерство за одбрана.

Во неговата биографија доставена до Собранието пишува дека е роден во Пирок.

Основно и средно образование завршил во Гостивар, а Факултет за физичко образование, спорт и здравје на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Работно искуство

Од 2002 до 2008 година бил професор по физичко образование, спорт и здравје.

Од 2008 до 2013 година бил директор на Национална Установа, Центар за култура АСНОМ, Гостивар.

Од 2013 до 2019 година бил раководител на секторот за поддршка градоначалникот -Општина Гостивар.

Од 2019 до 2020 година бил заменик директор на Управата за финансиска полиција.

Политичка кариера

Неговиот политички ангажман во владејачката ДУИ почнува од 2014 година, кога бил избран за потпретседател на партијата во огранокот Гостивар. Лани бил избран за претседател на тој огранок, а од годинава станува член на Централниот одбор на ДУИ.

Говори англиски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што му пишува во биографијата: Кој е Назим Буши, идниот заменик-министер во МВР

Кој е Димитар Ковачевски, идниот заменик-министер на Бесими

Фото: Фејсбук/Башким Хасани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Парламентарното мнозинство нема да гласа за брзи предвремени избори, велат од СДСМ

Редакција

Разочарани сме што членките на ЕУ не успеаја да ја усвојат преговарачката рамка за Македонија, вели американската амбасадорка Брнз

Редакција

(ВИДЕО) Објавен спотот за „Одиме на Европско“, химната за Европско првенство во фудбал

Редакција