еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Димитар Ковачевски, идниот заменик-министер на Бесими

Бизнисменот Димитар Ковачевски е предложен за заменик-министер на министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Ковачевски е добро познат на јавноста како исклучително квалитетен професионалец од областа на телекомуникациите со завидно образовно и бизнис портфолио.

Тој во 2016 година стана извршен директор на Оне.Вип, а оваа престижна позиција ја презеде по 18-годишно искуство во различни области на телекомуникациската индустрија.

Неговата кариера ја започна во Македонски Телеком, каде што својот развој го продолжува на менџерски позиции, вклучувајќи ги и позициите директор на Секторот за комерцијални корисници, одговорен за малопродажната мрежа на проактивни продажни канали, дирекотр на Центарот за маркетинг комуникации и односи со јавност, директор на Центарот за маркетинг и продажен менаџмент, во исто време како дел од многу стратегиски корпоративни проекти, стои во неговата биографија.

Ковачевски пред две години влезе во бизнис води, започнувајќи ја приказната со „ПиКСЕЛ Груп“, компанија која се занимава со производство на фотоволтаични панели кои се инсталираат дома и во странство.

Ковачевски е и вонреден професор на Универзитетот Американ Колеџ, каде е шеф на катедрата за маркетинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се предлозите за нови заменици-министри

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како му бил спасен животот на Кемал Ататурк во кавадаречко Дабниште

Редакција

(Фото) Посета на Атлантик Гранд: И домашен мирис и домашен вкус во Скопје

Редакција

Која е разрешената министерка Рашела Мизрахи

Редакција