еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија пред нова арбитража: Владата бара адвокати да се брани од милијардерите Бинани

Владата на една од последните седници ја разгледала информацијата за постапување по заклучоците во врска со инвестициската арбитража против Македонија од 3 ноември 2020 година која што ја повеле Гокул Дас Бинани и Мадху Бинани.

Владата го задолжила претседателот на Координативното тело за следење на арбитражните постапки произлезени од меѓународните договори во рок од три дена по усвојувањето на оваа информација да испрати барање за прибирање на понуда до адвокатската куќа ORRICK – филијала Дизелдорф, за застапување на земјава и во новата поведена постапка од страна на Бинани.

Владата го задолжила претседателот на Координативното тело за следење на арбитражните постапки произлезени од меѓународните договори, по добивањето  на понудата во рок од три дена да достави предлог за избор на правни застапници.

Браќата Бинани се милјардери од Британија со индиско потекло кои своето богатство го имаат стекнато во  бизнисот со рудници и метали, а ја тужат земјава поради проблеми со концесијата за рудниците Добрево и Тораница.

Имено, тие во 2006 година ги добија рудниците под концесија, која што им беше одземена неколку години подоцна поради неисплатени плати на околу 1.000 рудари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе банкротира доколку Владата ги загуби арбитражните постапки

Година на арбитражи: Владата соочена со исплата мултимилионски штети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа три лица болни од Ковид-19, вкупната бројка до сега е 5.481

Редакција

(Фото) Кејот 13 Ноември во Скопје реконструиран и поширок

Редакција

На три пункта во Скопје може да се потпишат новите договори за парно греење, испораката на топлина нема да биде прекината

Редакција