еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради Васил Гарванлиев, македонскиот амбасадор во Софија повикан во бугарското МНР

Софија очекува Скопје да го брани правото на секој граѓанин на слободно самоопределување. Ова е став на бугарското Министерство за надворешни работи по повод, како што се наведува, честите манифестации на говор на омраза и дискриминација во РС Македонија.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева го повикала заменик-шефот на амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, Владимир Крастевски на разговор во Министерството за надворешни работи.

На состанокот присуствувала и в.д. директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Ива Крулева.

– Бугарските дипломати изразија длабока збунетост и разочарување од големата негативна кампања во Република Северна Македонија против претставникот на Скопје на Евровизија 2021 година, Васил Гарванлиев.

Бугарија ќе продолжи да ги вложува сите неопходни напори во согласност со принципите на меѓународното право за да ги заштити правата на бугарските граѓани и граѓаните кои прогласуваат бугарски идентитет, каде било во светот, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако Македонија не го испрати Гарванлиев на Евровизија, следната година ќе ја преставува Бугарија, најавуваат од ВМРО на Каракачанов

Речиси 20 илјади граѓани ја потпишале петицијата Гарванлиев да не ја преставува Македонија на Евровизија

(ВИДЕО) Кој е Васил Гарванлиев, македонскиот преставник за Евровизија кој ја разбранува јавноста

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осман Шабани ќе го води случајот „Талир“ на СЈО

Редакција

Судењето за „ТНТ“ најверојатно ќе почне отпочеток, по Нова година

Редакција

Мицкоски: Немам врска со бегството на Груевски, Заев е несериозен

Редакција