еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Кој е Васил Гарванлиев, македонскиот преставник за Евровизија кој ја разбранува јавноста

Бројни реакции во јавноста предизвика македонскиот преставник за Евровизија, Васил Гарванлиев, откако на социјалните мрежи осамна интервју со него од пред една година во кое вели дека има и бугарски пасош.

Гарванлиев вчера се огласи преку видео на социјалните мрежи во кое објасни како добил бугарски пасош и се извини доколку повредил нечии чувства.

„Роден во Струмица 1984 година. Во 1997 година мојата фамилија одлучи да се преселиме заедно во Чикаго каде што живеевме неколку години. Нѐ депортираа од Чикаго, и кога се вративме јас бев малолетен, фамилијата одлучи да направи неколку чекори за безбедност и за иднина и за сите нас.

Мојата баба, мајка на татко ми, е родена во село надвор од Петрич, што ни овозможи да добиеме бугарски пасоши, кој го имам веќе 20-ина година. Во нашата држава Македонија двојно државјанство е дозволено.

Имам живеано 10 години во Торонто, осум во Чикаго, една во Милано и една во Лондон, неколку со куфер патувајќи, имам застанато на светските сцени во Париз, Амстердам, Цирих, Њујорк, Чикаго, Торонто, листата продолжува.

За мене најважно и најгордо нешто беше тоа што првата реченица во мојата биографија низ цел свет беше: ’македонскиот баритон Васил Гавранлиев ја започна својата кариера на седум години во својата родена земја‘“, рече Гарванлиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Гарванлиев се извини: Ако повредив некого нека ми прости

(Видео) Македонскиот претставник за Евровизија, Гарванлиев има и бугарски пасош, неговата баба била Бугарка

Петиции за и против Гарванлиев да не преставува на Евровизија: Која собра повеќе потписи

Претходно доби и бројни критики заради кадар од спотот за неговата песна “Here I stand“, со која ќе не се преставува на Евровизија, а во кој се појавува инсталација која наликува на „бугарското знаме“.

Кој е Гарванлиев

Струмичанецот Гарванлиев беше преставникот на Македонија за Евровизија и минатата година, ама натпреварот поради пандемијата со Ковид-19 не се одржа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си ја запечати ли Гарванлиев кариерата во Македонија?

Тој на македонската јавност најмногу и е познат по песната „Марионка“, која ја изведе пред неколку години на фестивалот “Златно славејче“.

Оваа нема да му биде прво појавување на Евровизија. Тој беше дел од тимот кој ја преставуваше Македонија на Евровизија во Израел. Ги пееше придружните вокали на Тамара Тодевска.

Откако пред неколку години се врати во Македонија објави неколку песни, меѓу кои се и „Ѓердан“, „Патувам“, „Мојата улица“…

Фото: Фејсбук/Гарванлиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пристигнаа евакуираните македонски граѓани од Израел

Редакција

Кој ја финансира кампањата за парламентарните избори на Знам и Левица

Редакција

(Видео) Многу Руси не знаат што се случува во Украина, ќе дознаат кога војната ќе ги удри по џеб

Редакција