еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Гарванлиев се извини: Ако повредив некого нека ми прости

По лавината реакции за интервјуто во кое вели дека има и бугарски пасош на социјалните мрежи се огласи македонскиот преставник за Евровизија, Васил Гарванлиев.

„Ако некој е повреден од тоа што јас го направив ненамерно, многу случајно, јас се извинувам од сѐ срце, не се извинувам за тоа што сум јас, но ако имам повредено некого, кој и да си, прости ми.

За крај ве оставам со превод на рефренот на нашата македонска песна годинава: „Сите ќе пробаат да те скршат и соборат, без да знаат дека тоа те прави посилен да продолжиш по патот на успехот. Еве ме пред вас без глума со срушени ѕидови, а моето срце во вашите раце“, вели Гарванлиев во видеото објавено на Фејсбук.

Открива и како се стекнал со бугарски пасош:

„Во 1997 година мојата фамилија одлучи да се преселиме заедно во Чикаго, каде што живеевме неколку години. Нѐ депортираа од Чикаго и кога се вративме јас бев малолетен, фамилијата одлучи да направи неколку чекори за безбедност и за иднина на сите нас.

Мојата баба, мајка на татко ми е родена во село надвор од Петрич, што ни овоозможи да добиеме бугарски пасоши, кој го имам веќе дваесетина години, рече Гарванлиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си ја запечати ли Гарванлиев кариерата во Македонија?

(Видео) Македонскиот претставник за Евровизија, Гарванлиев има и бугарски пасош, неговата баба била Бугарка

Фото/видео: Промо/Фејсбук/Гарванлиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Како ќе се пресметува новиот данок за моторни возила?

Редакција

Цените на бензините и дизелот непроменети, поевтинува мазутот

Редакција

Двесетина лица се заразиле со коронавирусот на семејниот настан во Скопје

Редакција