еМагазин
Image default
Свет

Во Холандија 10 инциденти по вакцинација со „АстраЗенека“

Холандската служба за контрола и надзор на реакција на лекови Фармаковиксиленс досега потврди 10 инциденти кај вакцинирани со „АстраЗенека“, а кои се евидентирани по владината одлука од претпазливост привремено да се запре администрирањето на таа вакцина.

Во соопштението на таа служба се наведува дека несеканите реакции вклучуваат случаи на тромбоза и емболија, но не и намален број тромбоците – како што имаше случаи во Данска и Норвешка.

Во Европската програма за вакцинација се загрижени од извештаите дека вакцините на АстраЗенека предизвикуваат тромбоза, но Европската здравствена агенција соопшти дека нема индикации дека ваквите реакции биле предизвикани од вакцинацијата, позиција што Светската здравствена организација ја објави во јавноста во петокот.

МИА/Фото: Photo by Hakan Nural on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тајландски лекари тврдат: Микс од лекови за грип и ХИВ помогналe за лекување на заболени од новиот коронавирус

Редакција

Во 2020 година во Мексико се прогласени речиси 7.000 луѓе за исчезнати

Редакција

Сиромашните земји добиле само 0,3 проценти од вакцините против Ковид-19

Редакција