еМагазин
Image default
Свет

Во 2020 година во Мексико се прогласени речиси 7.000 луѓе за исчезнати

Речиси 7.000 Мексиканци се официјално прогласени за исчезнати во 2020 година, што е за 22 отсто повеќе од претходната година, изјави заменик-секретарот за човекови права Алехандро Енсинас.

Енкинас додаде дека бројот на откриени тајни гробови опаднал за една третина минатата година, а бројот на телата пронајдени во тие гробови е помал за 18 проценти и е 1.086.

Половина од пронајдените тела биле во државите Халиско и Гвантанамо, каде што картелот Нова генерација на Халиско бил вклучен во крвави територијални спорови. Само во општината Салто во Халиско се пронајдени 189 тела.

Идентификувањето и враќањето на тие тела на нивните семејства продолжува да биде тежок процес.

Од вкупно 2.395 тела пронајдени откако сегашната администрација стапи на должност во декември 2018 година, 39 проценти се идентификувани, а околу 22 проценти се вратени на нивните роднини.

Од 2006 година, повеќе од 80.000 луѓе се официјално пријавени за исчезнати во Мексико.

МИА/Фото: Photo by Jezael Melgoza on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Загинаа најмалку 10 лица: Во Кина се урна хотел-карантин за лица сомнителни на коронавирусот

Редакција

Корупција и во Европскиот парламент: Уапсени четири лица, меѓу кои и поранешен европратеник

Редакција

Портпаролот на Роман Абрамович потврди дека имал симптоми кои укажувале на труење

Редакција