еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Петиции за и против Гарванлиев да не преставува на Евровизија: Која собра повеќе потписи

Неколку петиции поврзани со македонскиот преставник на Евровизија, Васил Гарванлиев се појавија вчера на интернет и на социјалните мрежи, откако тој во интервју од пред една година, кое се споделуваше деновиве, рече дека имал и бугарски пасош, а претходно доби бројни критики поради кадарот во спотот (за песната со која ќе не преставува) во кој се појавува инсталација која личи на „бугарско знаме“.

Две од нив се на change.org, каде едната е Гарванлиев да не не преставува на Евровизија, а другата е за.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Гарванлиев се извини: Ако повредив некого нека ми прости

Си ја запечати ли Гарванлиев кариерата во Македонија?

(Видео) Македонскиот претставник за Евровизија, Гарванлиев има и бугарски пасош, неговата баба била Бугарка

На првата на која пишува дека тој е „национален срам“ и дека не треба да ја преставува Македонија на Евровизија до утринава се потпишале 14.058 граѓани.

На другата која е за Гарванлиев да не преставува на Евровизија и на која пишува дека „во 2021 нема место за национализам и хомофобија, особено не кога станува збор за музиката“, до утринава се потпишале 52. граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лица на возраст од 27 и 49 години се загинатите во сообраќајката на патот Радовиш-Штип

Редакција

Малта од среда ќе забрани влез за сите невакцинирани посетители на островот

Редакција

Деновиве студени утра и локален дожд, од сабота пораст на дневната температура

Редакција