еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Засега нема докази дека некои здравствени инциденти се поврзани со вакцината на АстраЗенека

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека нејзиниот советодавен одбор ги анализира извештаите поврзани со вакцината на „АстраЗенека“ против Ковид-19, но дека досега нема докази дека некои здравствени инциденти биле предизвикани од вакцината.

– Штом СЗО добие целосен увид во настаните, своите налази и какви било измени во сегашните препораки ќе бидат јавно објавени веднаш, изјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер.

Тој додаде дека до денеска нема докази дека инцидентите биле предизвикани од вакцината.

– Важно е кампањата за вакцинација да продолжи, за да можеме да спасуваме животи и да го запреме сериозното ширење на вирусот, рече Линдмаер.

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“ е безбедна и дека британската Влада е сигурна во нејзината употреба.

На прашањето дали може да ги увери луѓето дека вакцината е сигурна, Џонсон потврди дека може.

– Во MХРА (британска агенција за лекови) ги имаме најискусните регулатори во светот. Тие воопшто не гледаат причина да ја прекинат програмата за вакцинација. Значи, ние сме сè уште многу сигурни во програмата и убаво е да се види дека вакцинацијата се спроведува толку брзо низ Велика Британија, рече Џонсон.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина неповторливиот Ѓорѓе Балашевиќ: „Се скрши багремот“ под налетот на Ковид-19

Редакција

Во Албанија најбројни косовските и македонските туристи

Редакција

Бензинот „Еуросупер БС-95“ поскапува за два денари, цената на другите горива останува иста

Редакција