еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Малта од среда ќе забрани влез за сите невакцинирани посетители на островот

Малта од среда ќе забрани влез за сите невакцинирани посетители на островот, изјави денеска министерот за здравство, Крис Ферн.

Негативен тест за коронавирусот веќе нема да биде доволен за да се премине границата на овој мал медитерански остров.

– Ние ќе бидеме првата земја на Европската унија што ќе донесе оваа одлука, но мора да го заштитиме нашето општество, рече Ферн на прес-конференција.

Изјавата на министерот следеше откако од понеделникот на Малта секој ден има двојно повеќе заразени лица.

До денеска туристите можеа да влезат на Малта доколку беа целосно вакцинирани или доколку можеа да презентираат негативен ПЦР тест. Единствен исклучок се британските туристи, кои веќе мораа да бидат целосно вакцинирани поради распространетоста на делта варијантата во нивната земја.

Ферн објасни дека неодамнешниот раст на нови случаи е меѓу посетителите кои, иако имале негативен тест пред да се качат во авионот, не биле вакцинирани. Повеќето новозаразени се млади луѓе кои посетуваат училишта на англиски јазик, па затоа овие училишта од среда ќе треба да се затворат.

МИА/Фото: Photo by CALIN STAN on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ нема да воведе „ковид-пасоши“, идејата на Мицотакис не помина

Редакција

Лани скопјанка имала најголем доход, највисока плата имал стружанец, а тетовец имал најголем доход од игри на среќа

Редакција

Емилија бара спас од сопругот: „Kрши по дома, ми става нож под грло, ми се заканува со убиство и во состојба е да го изврши“

Редакција