еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло, изјави Заев

Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло, односно одблокирање на Северна Македонија на нашиот пат кон Европската унија, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Според Заев, при посетата на Бугарија и билатералните разговори на 17 јуни биле адресирани сите важни работи и очекува декември годинава да биде донесена одлуката.

Тој, исто така, изрази надеж дека изборите во Бугарија ќе бидат исклучително успешни и политичарите ќе креираат коалиција, што ќе биде парламентарно мнозинство и ќе формираат нова бугарска влада, со која ќе ги продолжи разговорите.

– Сакам да им посакам среќа и успех на Бугарите и на бугарската држава на изборите утре, затоа што важно е секоја држава, така и нашиот источен сосед да има стабилен парламент и да има стабилна политичка влада, рече Заев.

Не се откажуваме и продолжуваме, посочи Заев, се додека не го решиме ова отворено прашање.

-Лично мислам дека ги адресирав сите важни работи на билатералните разговори на 17 јуни при посетата на Бугарија. Остана да се избере бугарскиот парламент и да се избере владата за да имаме надеж дека ќе се донесе одлука.

Очекувам декември годинава да биде донесена одлуката, но секако да оставиме процесите да бидат успешни за да може да се израдуваме со позитивна одлука, изјави Заев.

Потсети дека 16 ипол години земјава е земја кандидат и дека ниту една друга земја не била толку пофалена и позитивно оценета.

– Верувам дека ова е повеќе прашање на достоинство на ЕУ, отколку наше. Тоа е нашиот пат, ние друг пат немаме и верувам дека ќе се случи, изјави Заев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција ја продолжи забраната за авионско, железничко и копнено поврзување со Македонија до 31 јули

Редакција

(Галерија) Дизајнот на ТиноСки предизвикува насмевки, емоции и го буди детето во нас

Силвана Жежова

МПЦ-ОА бара верниците да ги почитуваат мерките против Ковид-19 за Велигден

Редакција