еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МПЦ-ОА бара верниците да ги почитуваат мерките против Ковид-19 за Велигден

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија денеска преку соопштение повика на одговорност и почитување на зададените мерки од здравствените власти, имајќи ја предвид епидемиолошка состојба во земјава и во пресрет на Велигден и велигденските празници.

„Ги известуваме верниците дека МПЦ-ОА, во претстојниот период на Страсната недела, кој изобилува со богослуженија, во храмовите и манастирите ќе бидат воведени и спроведувани следните мерки: ќе бидат определени лица кои ќе се грижат за задолжително носење заштитни маски внатре и надвор од храмовите и за држење на пропишаното растојание, каде што има услови, литургиите ќе бидат служени на отворено и каде што има услови, ќе се воспостави посебен влез и посебен излез од храмот“, се вели во соопштението од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Верските лидери треба да обезбедат редарски служби за Велигден и Рамазан Барјам

МИА/Фото: МПЦ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската комисија останува на препораката за старт на преговорите со Македонија, но порачува: „не треба да се живее на стара слава“

Редакција

Рекордни цени на горивата: Бензините ќе се продаваат за 104 и 106,50 денари за литар

Редакција

Од близина е пукано во возилото: Обвинителство со детали за убиството на таткото и синот во Слупчане

Редакција