Новиот локален бренд Esthesis со своите рачни и мирисни изработки со ноти на лаванда растена во Македонија ја носат и лекцијата од 2020 година – #грижазасебе.
„Уникатноста на Еsthesis започнува уште од самиот почеток. Во многу необичен период од животот дојде и необичен подарок од прадедо ми – неколку парчиња еколошки чиста земја на кои е насадена и нашата приказна за полето со виолетов мирис, лавандата.
Приказна која е дом на 2.000 садници лаванда и еден цел микрокосмос на пчели, пеперутки и разни видови бубачиња,“ велат од тимот на Esthesis.
Љубовта кон лавандата, органското и природата го натера малиот тим на Esthesis да создадат мирисни персонализирани изработки кои си носат свои пораки и имаат за задача да нè вратат во сегашноста и да не потсетат дека треба да внимаваме на грижата кон себе.
„Овој бренд се гради врз вредности кои враќаат кон природата и одржливиот начин на живот, а инспирацијата ја црпиме од целината која ја живееме додека работиме на виолетовото поле,“ додаваат тие.
Во палетата на нивните производи може да најдете: Органска свеќа Esthesis -изработена од пчелин восок и етерично масло од лаванда, Esthesis чај од лаванда, вреќички со лаванда за да го носите мирисот каде и да посакате.
Сноп од свежа лаванда (во периодот на берба) и декоративен сет со 5 епрувети полни со сув цвет од лаванда која може да се употребува како чај, но и како зачин во храна. Во нивниот асортиман се наоѓаат и други интересени изработки совршени за подароци за вашите најмили.
Со купување на рачните изработки на Еsthesis подржувате мал бизнис и голем сон, затоа купете рачна изработка, бидејќи магијата е во автентичноста.