еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) „Нервен слом” – нов сингл и видео запис од ПМГ Колектив

„Нервен слом“ е насловот на новата песна на скопскиот култен бенд ПМГ Колектив, кој со 9 албуми во неполни 20 години е еден од најпродуктивните состави на нашата музичка сцена.

Препознатливи по скокотливо обработени урбани теми (Скопјанка, Манекенки, 80Ти, Култура, Принцеза), ПМГ Колектив се враќаат со топла, модерно продуцирана љубовна тема, полна со хумор и скриени пораки.

„Нервен Слом“ е музичко чедо на креативниот тандем Мирко Попов Синиша Евтимов и го најавува излегувањето на компилацијата „Градот ме тера да пеам“, што ќе биде јубилејно двестото (200!) издание за дискографска куќа ПМГ Рекордингс.

Видеото за оваа несомнено хит песна, го изработи Мирко Попов.

Сингл изданието „Нервен Слом“ на ПМГ Колектив, во целост може да се набави на нивниот bandcamp сајт:pmgkolektiv1.bandcamp.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По понудата за преземање: ЗСФ-КОМ и Современ дом купија 21.224 акции од Скопски пазар

Редакција

МНР апелира македонските државјани во најскоро време да ја напуштат Украина

Редакција

Усвоен ребалансот на Буџетот: Пари за повисоки плати, вработувања, лекови…

Редакција