еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ

Учебната година во Србија ќе почнува со изведба на химната во училиштата

Собранието на Србија усвои сет закони од областа на образованието, меѓу кои се и измените на Законот за основите на образовниот систем со кои се дефинира – учебната година да започнува на 1 септември со химната на Србија.

Во случај образовната институција да не ја изведе химната ќе треба да платат предвидени казни од 100.000 до милион динари (од 850 до 8.500 евра).

Исто така, казна од 25.000 динари (212 евра) до 100.000 динари (850 евра) може да се казни и директорот на училиштето, односно одговорното лице.

„Предложено е на почетокот на воспитно-образовната работа што се одвива во текот на учебната година, што почнува на 1 септември, да се изведува химната на Република Србија, со цел да се развие националниот идентитет на учениците, како и свеста и чувство на припадност кон Република Србија“ се наведува во  образложение на законот.

MИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Венко Филипче или Сања Лукаревска: Кој ќе го замени Зоран Заев?

Редакција

Каков имот пријавил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јаулески, за чиј татко Финансиската полиција води предистражна постапка

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Фондот за здравство за набавка на масло за греење вреден 4,7 милиони денари

Редакција